Ангела Меркел најави дека Германија ќе почне да ги олеснува ограничувањата воведени поради коронавирусот.
Правилото за социјално дистанцирање останува на сила најмалку до 3 мај, но Меркел препорача и натаму да се носи заштитна маска на јавни места.
Образовните институции ќе почнат да се отвораат од 4 мај, при што предност ќе имаат студентите кои имаат испити.
„Со строгите рестриктивни мерки постигнавме кршлив среден успех. Земјата мора да остане фокусирана и да продолжи да функционира, но немаме многу простор за маневри. Карантинот е далеку од завршен“, изјави Меркел.
Според институтот „Роберт Кох“, во Германија досега има 127.584 заразени и 3.254 починати од КОВИД-19.