На Инфективното одделение во Охрид, починала 77 годишна жена од струшкото село Подгорци со симптоми на КОВИД-19. Таа била донесена во вторникот навечер со приватно возило, во лоша здравствена состојба, по што веднаш била хоспитализирана. Не се стигнати резултатите од тестирањето за коронавирус. Била примена со тешка пневмонија и имала бројни коморбидитети. Според зборовите на семејството се лекувала во домашни услови.
Директорот на Општата болница во Охрид д-р Горан Балески вели дека на пациентката по приемот веднаш ѝ бил земен брис. Повторно ѝ е земен брис и веднаш откако починала.
„Се очекуваат резултатите, по што ќе може да информираме од што точно таа починала”,ни изјави директорот д-р Балесски.
Директорот Балески вели дека Охридската општа болница благодарение на добрата организација, личното залагање на поискусните лекари и големата помош од донатори, во моментов располага со доволни количини заштитна опрема на сите одделенија. Непречено се одвива работата на сите оддели, а се прават и неопходните операции.
Д. ЧУБРИЌ