ПОЧИНА 50-ГОДИШНИК ОД СТРУШКО, РЕГИСТРИРАНИ НОВИ 107 ЗАБОЛЕНИ И 23 ОЗДРАВЕНИ ОД КОВИД-19

    ПОЧИНА 50-ГОДИШНИК ОД СТРУШКО, РЕГИСТРИРАНИ НОВИ 107 ЗАБОЛЕНИ И 23 ОЗДРАВЕНИ ОД КОВИД-19Од Инфективна клиника се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот. (Фото: К. Попов)

    На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација, соопшти Министерството за здравство. Од  Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

    Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на КОВИД-19:
    Скопје – 28
    Куманово -44
    Дебар – 2
    Штип – 1
    Прилеп – 11
    Тетово – 5
    Струга – 1
    Велес -4
    Битола – 6
    Кавадарци -1
    Гостивар – 2
    Кочани -1
    Кичево -1.

    Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
    Скопје – 367
    Куманово – 306
    Дебар – 51
    Штип-32
    Прилеп –100
    Тетово – 48
    Струга – 50
    Велес – 40
    Битола –15
    Охрид –7
    Кавадарци – 4
    Гостивар –12
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-4
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 26
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -2

    Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –468 , преку Ветеринарен ф-тет – 21, Авицена –22 , Биотек – 23 и Филип Втори (Жан Митрев) – 126. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на КОВИД -19.

    На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. 18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38 пациенти со Ковид-19. Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6.

    Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти.

    Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови.

    Министерот за здравство Венко Филипче од денес е во домашна самоизолација, откако градоначалникот на Куманово објави дека е позитивен, а министерот вчера беше во Куманово на состанок со него.

    Б. НЕСТОРОСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира