Центарот за Јавно здравје Велес (ЦЈЗ) соопшти дека изминатите 24 часа во Велес се регистрирани нови 12 случаи на позитивни на КОВИД-19. Со ова, во Велес позитивни се вкупно 55 луѓе.
„Станува збор за четири лица поврзани со веќе постоечки кластер кои се наоѓаат на лекување на Инфективното одделение во Општата Болница во Велес, четири лица членови на семејство на лице вработено во трговска дејност, две лица вработени во трговскиот сектор и две лица вработени во Центарот за јавно здравје Велес, еден е здравствен работник, а вториот е административец“, соопшти Центарот.
Поради новонастанатата ситуација, пунктот на Центарот за јавно здравје Велес нема да работи од 21 април, поради тестирање на можните контакти со инфицираните вработени во центарот. За продолжувањето на работата на ЦЈЗ ќе биде познато откако ќе се добијат резултатите од брисевите на колегите од новозаразените две лица.
Од Општа Болница Велес соопштија дека се негативни сите вработени од Инфективното одделение кои беа тестирани. Ова доаѓа откако вработена во ова одделение пред некој ден беше позитивна на КОВИД-19.
П. ПЕЧКОВ