Фејсбук и Гугл ќе мора да платат милиони долари за медиумските содржини што ги преземаат од Австралија, што е дел од планот на владата да им помогне на локалните медиуми кои се сериозно погодени од пандемијата на коронавирусот.
Министерот за финансии Џош Фрајденберг кажа дека задолжителен код за дигиталните платформи ќе биде утврден во јули.
„Со овој код, ние ќе станеме прва земја на светот која ќе обезбеди овие дигитални гиганти да плаќаат за преземените медиумски содржини. Целта е да се обезбеди вистинска конкуренција, да се зачуваат работни места во новинарството и да има фер исход за сите“, кажа Фрајденберг.
Ширењето на коронавирусот и воведените рестрикции во земјата значително ги намалија приходите од реклами, при што десетици медиуми беа принудени да згаснат или да го намалат работењето.