ОКТОБЕРФЕСТ ОТКАЖАН ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    ОКТОБЕРФЕСТ ОТКАЖАН ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТОколу шест милиони луѓе секоја година доаѓаат во Минхен за да пијат пиво (Фото: ДПА)

    Октоберфест, најголемиот фестивал на пивото на светот, нема да се одржи оваа година поради пандемијата на коронавирусот, објави владата на сојузната држава Баварија.

    Околу шест милиони луѓе секоја година доаѓаат во Минхен заради Октоберфест, кој на локалната економија ѝ носи приход од над милијарда евра, но властите заклучија дека вака масовен собир би претставувал голем здравствен ризик во сегашните околности. Фестивалот требаше да се одржи од 19 септември до 4 октомври.

    „Имајќи ја предвид сегашната ситуација, не можевме да замислиме така голем собир да се одржи во тоа време. Заклучивме дека ризикот е преголем. Боли, ова е голема штета, но немавме избор“, изјави премиерот на Баварија, Маркус Зедер.

    Првиот Октоберфест се одржал во 1810 година и во меѓувреме стана најголемата прослава на пивото на светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира