Бирото за јавна безбедност преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и насоки со ОЈО Кавадарци во моментов спроведува акција на подрачјето на град Скопје, при што во магацин во населба Бутел се пронајдени и одземени 12 палети во кои има еден тон и двесте и четириесет килограми (1.240 кг) марихуана.
Ова вечерва го соопшти на Фејсбук директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски.
Тасевски вели дека дрогата била спакувана во полиетиленски вакуумирани пакувања и црни полиетиленски вреќи.
Во големата акција уапсено е едно лице против кого ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 1 од Кривичниот законик до ОЈО Кавадарци.
Истрагата е во тек со цел утврдување и откривање на други лица вмешани во случајот на недозволена трговија со марихуана, вели првиот човек на БЈБ.
С. К. ДЕЛЕВСКА