На влезот во Градскиот трговски центар (ГТЦ) од кај Портата, спроти кружното скалило кое е симбол на овој легендарен објект на македонската современа архитектура и обележје на Скопје, се гради панорамски лифт. Директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека лифтот првенствено ќе биде наменет за лица со инвалидитет и мајки со деца.
Тој смета дека панорамскиот лифт нема да го наруши изгледот на ГТЦ туку, напротив, ќе му даде атрактивност на објектот. Изведбата на лифтот чини 4 милиони денари (околу 65.000 евра).
„Нормално дека сега не изгледа убаво бидејќи се гради. Не е наменет само за зелениот покрив туку ќе има пристап до подрумот, приземје, прв кат и на покривот. Потребно е вакво нешто, бидејќи лифтови има само на средина во трговскиот кои се многу користени. ГТЦ мора да се развива“, вели Трајчевски.
А. АНТЕВСКА