РАКОМЕТАРИТЕ БЕЗ БОРБА ИСФРЛЕНИ ОД МУНДИЈАЛОТ ВО ЕГИПЕТ ЗАШТО КВАЛИФИКАЦИИТЕ СЕ УКИНАТИ

    РАКОМЕТАРИТЕ БЕЗ БОРБА ИСФРЛЕНИ ОД МУНДИЈАЛОТ ВО ЕГИПЕТ ЗАШТО КВАЛИФИКАЦИИТЕ СЕ УКИНАТИЕвропа на Мундијалот ќе ја претставуваат најдобрите 14 репрезентации од годинашното ЕП, на кое Македонија беше 15-та

    Европската ракометна федерација направи преседан и ги укина квалификациите за следното Светско првенство во Египет поради кризата со коронавирусот, оставајќи ја Македонија без можноста да се бори за пласман.

    Најдобрите македонски ракометари во почетокот на јули требаше да играат бараж-двомеч со Франција, но место тоа, ЕХФ донесе одлука Европа на Мундијалот да ја претставуваат најдобрите 14 репрезентации од годинашното Европско првенство. Ситуацијата да биде потрагична, Македонија на ова ЕП заврши на 15. место.

    Ако нешто не се промени, а Ракометната федерација на Македонија најави дека ќе аплицира за вајлд-карта, тоа ќе биде првпат од 2011 година македонската репрезентација да пропушти едно големо натпреварување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира