ДИМЕ СПАСОВ Ѝ ГИ ЗЕЛ НА ФРОСИНА РЕМЕНСКИ ДАЛЕЧИНСКИТЕ ОД КЛИМИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИМЕ СПАСОВ Ѝ ГИ ЗЕЛ НА ФРОСИНА РЕМЕНСКИ ДАЛЕЧИНСКИТЕ ОД КЛИМИТЕ

    Ексминистерот за труд и социјална политика Диме Спасов и оставил празна канцеларија на новата министерката  Фросина Ременски тврдат за САКАМДАКАЖАМ.МК вработени во Министерството. Денеска на нејзиниот прв работен ден Ременски начекала канцеларија без компјутер, без телефон, принтер, а исклучен бил и интернетот.

    Утрово Ременски си донела компјутер од дома. Но, без компјутери и телефони останал целиот нејзин кабинет.  Кабинетот на Ременски се ладел на провев, бидејќи и далечинските од клима – уредите ги снемало по повлекувањето на Диме Спасов.

    Бил изнесен и канцеларискиот материјал.

    Фросина Ременски е новата министерка за труд и социјала, како дел од владата за спроведување на предвремените парламентарни избори. Таа не сакаше за САКАМДАКАЖАМ.МК да коментира ништо за тоа како го затекнала утрово Кабинетот. Рече само дека е битно Министерството да функционира во делот на потребите на граѓаните, а тоа со канцеларијата е лесно за средување.

    “Битно е сега да направиме пресек што направил претходникот Спасов во изминатите три месеци за граѓаните“, рече Ременски во телефонски разговор.

    Нејзините соработници велат дека нема да се набавуваат нов канцелариски материјал и нови компјутери, туку дека со помош на пописната комисија од Министерството, сите предмети и апарати, до изнесените далечински, ќе бидат вратени назад во министерскиот кабинет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира