ТРИ ПОЖАРНИ ГАСНАТ ГОЛЕМ ПОЖАР ВО МЕСНОСТА ДЕБЕЛО ПОЛЕ КАЈ ОХРИД

    ТРИ ПОЖАРНИ ГАСНАТ ГОЛЕМ ПОЖАР ВО МЕСНОСТА ДЕБЕЛО ПОЛЕ КАЈ ОХРИДЖители од овој крај на Охрид велат дека некој во овој период некој ги пали трските за да ја зголеми површината со обработливо земјиште, но никој досега не е казнет. (Фото: СДК.МК)

    Три пожарни доцна попладнево гаснат голем пожар кај меноста Дебело Поле во предградието на Охрид. Гори трска на околу два хектара.

    „Ангажиравме три камиони со 11 пожарникари кои го гаснат пожарот што се појави во месноста Дебело Поле. Гори трска и ова стално ни се случува во овој период од годината. Правиме напори огнот да не се прошири на овошните насади, а објектите што се во близина не се во опасност од огнената стихија. Борбата со огнената стихија уште трае“, ни кажа учесник во гаснењето на пожарот.

    Жители од овој крај на Охрид велат дека некој во овој период некој ги пали трските за да ја зголеми површината со обработливо земјиште.

    Никој досега не е фатен ни казнет, иако е забрането палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, како превентивна мерка за заштита од пожари на отворен простор.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира