НАУЧНИЦИТЕ ОД ОКСФОРД УБЕДЕНИ ДЕКА ДО СЕПТЕМВРИ ЌЕ ИМААТ ЕФЕКТИВНА ВАКЦИНА ЗА КОВИД-19

    НАУЧНИЦИТЕ ОД ОКСФОРД УБЕДЕНИ ДЕКА ДО СЕПТЕМВРИ ЌЕ ИМААТ ЕФЕКТИВНА ВАКЦИНА ЗА КОВИД-19Истражувачите од Оксфорд минатата недела почнаа со први тестирања на можна вакцина врз луѓе (Фото: АП)

    Во трката за развивање на вакцина против КОВИД-19 Универзитетот во Оксфорд презел рано водство, пишува „Њујорк тајмс“ и тој планирал да направи повеќе од 6.000 тестирања врз луѓе до крајот на мај.

    Ако се покаже ефективна, тимот од Институтот „Џенер“ планира да произведе еден милион дози од вакцината до септември, што е далеку порано од вообичаените предвидувања на здравствените професионалци дека за вакцина против КОВИД-19 ќе бидат потребни меѓу 12 и 18 месеци.

    „Ние сме 80% убедени дека вакцината ќе функционира“, вели д-р Сара Гилберт, која го води проектот.

    Изминатиот месец, вакцината била тестирана врз шест макаки мајмуни во лабораторија во Монтана. Тие биле изложени на висока доза на коронавирусот, но по 28 дена сите целосно оздравеле. Сепак, научниците предупредуваат дека ова не е гаранција дека вакцината ќе им понуди еднакво ниво на заштита и на луѓето.

    Научниците од „Џенер“ полагаат големи надежи во својата вакцина и затоа што при некои претходни тестирања нејзините основни компоненти се покажале безбедни за луѓето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира