ЈП „Водовод и канализација“ воведе нов начин за читање на водомерите. Преку симнувањето на апликацијата на претпријатието на мобилен телефон, граѓаните ќе можат со испраќање слика да ја приложат состојбата на водомерите во нивниот дом, без да им доаѓа инкасатор на врата.
„Покрај тоа што овозможуваме плаќање на сметките за вода преку нашата веб страна и преку новата апликација за мобилни телефони, сега воведуваме новина и за читање на водомерите. Граѓаните само треба да направат слика, која ќе биде доволно јасна за да се читаат податоците за потрешената вода и да ја испратат преку апликацијата“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.
Оваа опција е достапна за физички и за правни лица, секој месец од 10-от до 16-от ден.
Шалтерите за наплата, во согласност со новите промени за движење, работат секој работен ден од 7.30 до 17 часот и сабота од 8 до 13 часот.
А. АНТЕВСКА