УСТАВНИТЕ СУДИИ НЕ МИСЛЕЛЕ САМО НА СЕБЕ КОГА ЈА СТОПИРАА МЕРКАТА ЗА МИНИМАЛНИ ПЛАТИ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ, ОЦЕНИ АНТИКОРУПЦИСКА ЧИИ ПЛАТИ ИСТО ТАКА ТРЕБАШЕ ДА БИДАТ СКРАТЕНИ

    УСТАВНИТЕ СУДИИ НЕ МИСЛЕЛЕ САМО НА СЕБЕ КОГА ЈА СТОПИРАА МЕРКАТА ЗА МИНИМАЛНИ ПЛАТИ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ, ОЦЕНИ АНТИКОРУПЦИСКА ЧИИ ПЛАТИ ИСТО ТАКА ТРЕБАШЕ ДА БИДАТ СКРАТЕНИУставните судии вчера со стопирањето на владината антикризна мерка им ги вратија целите плати на над 2.000 избрани и именувани лица, меѓу кои се и тие, а требаше да земат минимална плата од 14.500 денари за април и мај. (Фото: СДК.МК)

    Антикорупциската комисија оцени дека немало судир на интереси кај уставните судии во врска со постапувањето на Уставниот суд за прифаќање на иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на Уредбите со законска сила за определување на висината на платата на избраните и именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

    Уставните судии вчера со стопирањето на владината антикризна мерка им ги вратија целите плати на над 2.000 избрани и именувани лица, меѓу кои се и тие, а требаше да земат минимална плата од 14.500 денари за април и мај.

    „Сметаме дека во овој случај не е надвладеан личниот интерес во вршењето на службената должност“, велат од Антикорупциска комисија, чии членови, исто така, беа опфатени со мерката за кратење на платите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира