ОД 6 МАЈ ВО ОХРИД ПОВТОРНО ЌЕ СЕ НАПЛАЌА ПАРКИНГ

    ОД 6 МАЈ ВО ОХРИД ПОВТОРНО ЌЕ СЕ НАПЛАЌА ПАРКИНГПаркирањето ќе се наплаќа од осум до 18 часот (Фото: СДК.МК)

    Со ублажувањето на ограничувањата за движење што ги донесе Владата, ЈП „Билјанини Извори” од 6 мај ќе продолжи со наплата на градскиот паркинг. Согласно новите мерки, паркирањето ќе се наплаќа од осум до 18 часот.

    „Сите заинтересирани за месечна или годишна паркинг картичка можат од понеделник да се обратат во канцеларијата на ЈП ‘Билјанини Извори‘ на улица Партизанска од осум до 18 часот”, соопштија од ова јавно претпријатие.

    Плаќањето за паркинг беше укинато во март, кога беа воведени вонредни мерки во целата држава поради КОВИД-19.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира