Рускиот премиер Михаил Мишустин е позитивен на коронавирус и се наоѓа во изолација. Тој потврди дека имал позитивен тест во видеоразговор со Владимир Путин и го именуваше својот заменик за привремен премиер.
„Дознав дека мојот тест на коронавирус е позитивен, па затоа ќе одам во задолжителна изолација“, кажа Мишустин.
На препорака на Мишустин, Путин го потпиша указот со кој Андреј Белоусов стана привремен премиер.
Русија ја надмина бројката од 100.000 заразени со коронавирус откако во последните 24 часа биле потврдени 7.099 нови случаи, најмногу во еден ден досега. Од КОВИД-19 досега починале 1.073 луѓе.