КОРОНАВИРУСОТ ГИ ОСТАВИ ОХРИДСКИТЕ БРОДАРИ БЕЗ РАБОТА

    КОРОНАВИРУСОТ ГИ ОСТАВИ ОХРИДСКИТЕ БРОДАРИ БЕЗ РАБОТАВо времето на пандемијата нема интерес за прошетки по eзерото (Фото: СДК.МК)

    Охридската бела флота остана закотвена на сидриштата. Нема административна забрана за пловење поради КОВИД-19, но поради занемарливот број на гости во Охрид, бродарите останаа без работа.

    „По воведувањето на вонредните мерки во март, охридските бродари не добија забрана за пловење по Охридското Езеро, но поради немање гости, тие не пловат. Нема интерес за прошетки по eзерото и тоа е единствената причина поради која овие пловни објекти останаа закотвени во сидриштата на брегот. Какви ќе бидат штетите врз бродарството, ќе се знае кога ќе се направат потемелни анализи”, вели капетанот на Капетанијата на македонските пристаништа Горан Устијаноски.

    Во Охрид изминатите години пловеа шест големи бродови и околу 20 катамарани, кои последниве години ги набавија приватни лица и фирми.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира