ИСЧЕЗНАТИОТ АВИОН Е СОПСТВЕНОСТ НА АВИО КЛУБОТ ВО ТРЕВИЗО, ИТАЛИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИСЧЕЗНАТИОТ АВИОН Е СОПСТВЕНОСТ НА АВИО КЛУБОТ ВО ТРЕВИЗО, ИТАЛИЈА

    Авионот Пајпер Сенека 2, кој попладнево исчезна при слетување на Скопскиот аеродром е сопственост на Авиоклубот Тревизо. Авионот е регистриран во Германија. Според официјалната веб страница на авиоклубот, авионот е со капацитет од 6 патници.

    Изнајмувањето на овој авион, според тарифата на веб страницата на сопственикот е 500 евра за час летање.

    Од МВР потврдија дела леталото исчезнало од радарот при слетување на Скопскиот аеродром во 17.40 часот на 10 километри во правец кон југ, што е вообичаена рута за слетување на аеродромот Александар Велики.

    Се оперираше со бројката од 6 патници, но се уште нема официјална потврда колкумина биле во авионот што исчезна на приодот кон Скопје.

    Според првичните информации авионот полетал од Тревизо, Италија и побарал дозвола за слетување во Скопје за дополнување на гориво.

    МВР вели дека според првичните информации дека авионот паднал во близина на селото Ветерско, Велешко. Падот го пријавиле мештаните.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира