ОСУМ НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 185 ТЕСТОВИ, 21 ОЗДРАВЕН, ПОЧИНА 59-ГОДИШНА ЖЕНА ОД ТЕТОВО

    ОСУМ НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 185 ТЕСТОВИ, 21 ОЗДРАВЕН, ПОЧИНА 59-ГОДИШНА ЖЕНА ОД ТЕТОВОСогласно ова Вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува 1.526 , бројката на оздравени пациенти е 1.013 , на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427. (Фото: К. Попов)

    Во изминатите 24 часа се направени 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-3, Битола-1, Велес-4.
    Од Министерството за здравство велат дека во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациентка од Тетово на 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

    Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 11 нови пациенти, осум од нив се префрлени од ГОБ „8 Септември“, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација 1.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 14. На респираторна машина се 3 пациенти, а уште 4 се со потешка клиничка слика.

    Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 3 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на  КОВИД-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент во: Скопје-8, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1.

    Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526 , бројката на оздравени пациенти е 1.013 , на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.

    Последната дистрибуција по градови е следна:
    Скопје – 515
    Куманово – 401
    Дебар – 51
    Штип-34
    Прилеп –159
    Тетово – 90
    Струга – 67
    Велес – 81
    Битола –19
    Охрид –15
    Кавадарци – 5
    Гостивар –17
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-5
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 31
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2
    Пехчево- 2
    Делчево-1
    Валандово -1
    Виница – 2
    Кратово-1

    Направените 185 теста се преку: ИЈЗ –79, Ветеринарен факултет -3 , Авицена –9, Биотек -33, Филип Втори (Жан Митрев) –27, Систина со ПЦР метода -17 и МАНУ -17. Досега во земјата се направени вкупно 17.544 тестирања на КОВИД -19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира