Велика Британија од денеска е европска земја со најмногу жртви на КОВИД-19.
Министерот за надворешни работи Доминик Раб потврди дека 29.427 луѓе досега починале од последиците на коронавирусот, од кои 693 во последните 24 часа. Велика Британија со тоа ја надмина Италија, во која досега има 29.315 мртви.
На првото место убедливо се САД, каде што има повеќе од 70.000 починати од КОВИД-19.
Од друга страна, Велика Британија има помалку потврдени случаи на коронавирус од Италија, Шпанија и САД, но и таа се ближи кон границата од 200.000.
„Прерано е да се каже дали Велика Британија го има најлошиот трагичен биланс во Европа. Земјите ги бројат случаите на различни начини и некои се подобри во тоа од другите“, изјави Раб.