Новиот коронавирус може да се задржи во спермата и откако пациентите ќе почнат да оздравуваат, велат кинески истражувачи, покренувајќи го прашањето дали тој може да се пренесува и преку секс.
Тим од болницата во Шангкју тестирал 38 пациенти кои се лекувале таму и кај 16% од нив биле пронајдени траги на коронавирусот во спермата. Една четвртина од нив биле во акутна фаза на заразата, а 9% заздравувале, соопшти тимот.
„Откривме дека коронавирусот САРС-ЦоВ-2 може да биде присутен во спермата на заразени пациенти, дури и кај оние кои заздравуваат“, изјави Дијангенг Ли од Општата воена болница во Пекинг.
Ова не е изненадувачко откритие, бидејќи е познато дека многу вируси можат да живеат во машкиот репродуктивен тракт. Траги на ебола и зика биле пронајдени во спермата на пациенти дури и неколку месеци по нивното оздравување. Тоа, сепак, не значи дека вирусот и натаму е заразен.