ВУХАН ЌЕ ГИ ТЕСТИРА СИТЕ 11 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ ПО ПРВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД 8 АПРИЛ

    ВУХАН ЌЕ ГИ ТЕСТИРА СИТЕ 11 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ ПО ПРВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД 8 АПРИЛВухан беше целосно затворен од 23 јануари до 8 април (Фото: Блумберг)

    Властите на Вухан наредија тестирање на сите 11 милиони жители откако во овој кинески град се појавија први случаи на коронавирус од укинувањето на карантинот.

    На сите области во градот им беше кажано да поднесат план како ќе го спроведат тестирањето во наредните десет дена. Приоритет при тестирањето ќе добијат ранливи групи и станбени комплекси, се вели во документот на градскиот оддел за борба против коронавирусот.

    Шест случаи на локално пренесување на вирусот биле регистрирани на 10 и 11 мај и тоа кај лица кои веќе биле во карантин и не покажувале симптоми пред да бидат тестирани. Сите шест случаи потекнуваат од ист станбен комплекс и се први во градот откако беше укинат карантинот на 8 април.

    „Седум провинции пријавија нови случаи на зараза во изминатите 14 дена“, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија на Кина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира