Скопјанец од населбата Чаир синоќа е приведен бидејќи физички нападнал полицајци кои сакале да го приведат брат му кој се движел во полицики час. Инцидентот се случил околу 22.30 минути додека на улицата Цветан Димов се одвивале градежни работи за поставување на бетонска ограда.
Сппоред полицискиот билтен полицајците го забележале 20-годишниот Ф.А. како си се шета низ населбата за време на полицискиот час и му укажале дека ќе биде приведен затоа што не ја почитувал мерката за ограничено движење. Во тој момент дошол неговиот брат Б.А.(29) и физички ги нападнал полициските службеници.
„Б.А. е лишен од слобода и приведен во полициска станица, додека Ф.А. ја искористил ситуацијата и побегнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.
А. АНТЕВСКА