ШПАНИЈА ЈА ПРОДОЛЖУВА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА И ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКА

    ШПАНИЈА ЈА ПРОДОЛЖУВА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА И ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКАБарселона ги отвори плажите, но полицијата не дозволува седење на песокот (Фото: АП)

    Шпанската влада предложи продолжување на националниот карантин за уште две недели и воведе задолжително носење заштитна маска.

    Тоа би било петто двонеделно продолжување на вонредната состојба во Шпанија, која треба да истече в недела, но владата сака да остане на сила до 7 јуни.

    „Патот по кој што одиме е единствениот што може да го победи вирусот. Благодарение на вонредната состојба, досега се спасени илјадници животи“, кажа премиерот Педро Санчес.

    Според едно последно истражување, дури 95% од Шпанците сметаат дека рестриктивните мерки се неопходни. Шпанија прогласи карантин на 14 март, што ѝ помогна да ја намали стапката на зараза од 20% на помалку од 1%.

    Владата потврди дека заштитна маска ќе мора да се носи во затворено и на улици каде што не може да се држи растојание од два метра. Иако од наредбата се исклучени децата под шест години, на оние од три до пет години, сепак, им се препорачува да носат маска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира