НАЈМАЛКУ 107 ЛУЃЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС НА МИСА ВО БАПТИСТИЧКА ЦРКВА ВО ФРАНКФУРТ

    НАЈМАЛКУ 107 ЛУЃЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС НА МИСА ВО БАПТИСТИЧКА ЦРКВА ВО ФРАНКФУРТВластите веруваат дека мисата од која што се проширила заразата се одржала на 10 мај (Фото: Ројтерс)

    Германските власти се обидуваат да ги идентификуваат сите кои присуствувале на миса во баптистичка црква во Франкфурт овој месец, откако најмалку 107 луѓе имале позитивен тест на коронавирус.

    Црквите во сојузната држава Хесе, каде што се наоѓа и Франкфурт, повторно почнаа да одржуваат богослужби од 1 мај, откако беа олеснети рестриктивните мерки, при што мора да се почитуваат социјална дистанца и строга хигиена.

    „Оваа ситуација ни покажува колку е важно да бидеме претпазливи, особено сега кога се олеснети рестрикциите. Вирусот и натаму е тука и се шири“, изјави регионалниот министер за здравство Каи Клозе.

    Властите веруваат дека мисата од која што се проширила заразата се одржала на 10 мај. Нејасно е дали сите 107 заразени биле присутни или бројката ги вклучува и оние кои биле во контакт со некој оттаму.

    Според институтот за заразни болести „Роберт Кох“, бројот на заразени во Германија порасна на 178.281, а починале 8.247 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира