Германската нискобуџетна компанија „Еуровингс“ ги обнови летовите од Диселдорф за Сардинија викендов, но нејзин авион морал да се врати назад бидејќи аеродромот во Олбија сѐ уште е затворен.
Авионот тргнал на 1.170 километри долгиот лет утрото на 23 мај и веќе бил над Сардинија кога воздушната контрола го информирала пилотот дека аеродромот не е отворен за комерцијален сообраќај. Авионот „ербас А320“ сепак побарал дозвола за слетување, но не му била одобрена.
Место тоа, му било понудено да слета 200 километри подалеку во Калјари, но екипажот на авионот се решил за враќање во Диселдорф. Од „Еуровингс“ се обидоа да појаснат како дошло до оваа конфузија.
„И покрај кризата со коронавирусот, ситуацијата на некои европски аеродроми е доста динамична, а информациите за работата на аеродроми често ненадејно се менуваат“, изјави портпаролот на „Еуровингс“.