ОД УТРЕ АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ ВО ГРАД СКОПЈЕ

    ОД УТРЕ АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ ВО ГРАД СКОПЈЕПари ќе има за субвенции за околу 2.800 велосипеди и околу 215 електрични тротинети. (Фото: К. Попов)

    Од утре почнува аплицирањето за субвенции за велосипеди и електрични тротинети во Град Скопје. Субвенцијата е 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход,  и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице.

    Новитет оваа година е што ќе може да се доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од први јануари годинава.

    Во буџетот на Град Скопје за 2020 за оваа намена се предвидени 10 милиони денари од кои 8,5 милиони денари ќе бидат наменети за велосипеди, а 1,5 милион денари за електрични тротинети. Пари ќе има за субвенции за околу 2.800 велосипеди и околу 215 електрични тротинети.

    „Повиците ќе биде отворени до реализирање на средствата, а ќе се спроведуваат по принципот ‘прв дојден, прв услужен’. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед, а истото важи и за субвенција за електричен тротинет“, велат од Град Скопје.

    Барателот треба да е жител на Град Скопје и да нема искористено субвенција за купување на велосипед или електричен тротинет минатите години.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира