АМЕРИКАНСКИОТ УМЕТНИК СО БУГАРСКО ПОТЕКЛО КРИСТО, КОЈ ЗАМОТУВАШЕ ЗНАМЕНИТОСТИ, ПОЧИНА НА 84 ГОДИНИ

    АМЕРИКАНСКИОТ УМЕТНИК СО БУГАРСКО ПОТЕКЛО КРИСТО, КОЈ ЗАМОТУВАШЕ ЗНАМЕНИТОСТИ, ПОЧИНА НА 84 ГОДИНИВо 1995 година, Кристо го прекри германскиот парламент (Фото: Ројтерс)

    Американскиот уметник со бугарско потекло Кристо, кој се прослави со замотување на згради и знаменитости со ткаенина и пластика, почина на 84 години во својот дом во Њујорк. Неговото семејство објави дека починал од природни причини.

    Кристо, кој е роден како Христо Владимиров Јавачев во Габрово, постојано работеше со сопругата Жан-Клод, која ја запознал по преселбата во Франција. Таа почина во 2009 година.

    Неговата пловечка инсталација на езерото Исео беше направена од 100.000 квадратни метри жолта ткаенина (Фото: ЕПА)

    „Делата на Кристо ги обединуваа луѓето низ светот. Кристо го живееше својот живот до максимум, тој не само што го сонуваше невозможното, туку и го остваруваше“, се вели во изјавата на семејството.

    Меѓу другото, Кристо ги има прекриено германскиот парламент и Понт-Неф, најстариот мост на Сена во Париз, а неговата инсталација од 2016 година „Пловечките кејови“ беше направена од 100.000 квадратни метри жолта ткаенина, поставена на езерото Исео во Италија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира