ОВОЈ ПИК НА ЗАБОЛЕНИ Е ОД ВРЕМЕТО КОГА ИМАВМЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ВЕЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ОСМАНИ

    ОВОЈ ПИК НА ЗАБОЛЕНИ Е ОД ВРЕМЕТО КОГА ИМАВМЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ВЕЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ОСМАНИ„Ниту еден полицаец не може да дојде дома и да не контролира дали ги миеме рацете“, Османи на презентација на донацијата на респиратори од Норвешка во ГОБ „8 Септември“ со раководителите на одделенијата за анестезиологија и интензивна нега и на хируршките одделенија д-р Мите Николов и д-р Јасмин Циривири (Фото: К. Попов )

    Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вели дека поголемиот број од новозаразените од изминатите 24 часа, 89 лица позитивни на КОВИД-19 доаѓаат од неколку семејства, веќе познати кластери, но сепак, рече тој, бројките и трендот на раст се загрижувачки.

    „Овој пик денеска е резултат за време на полициски час“, рече Османи на прес-конференција пред Градската општа болница „8 Септември“ на презентацијата на донација на респиратори од Норвешка.

    „Сакам да ги отфрлам сите теории на заговор, ова е опасна болест, болест која убива. Само ако се однесуваме како да сме заболени од коронавирус, и ако во секој контакт се однесуваме како лицето да е заболено, ќе се заштитиме. Она што го научивме досега е дека ниту една колективна мерка не е подобра од личната свест на граѓаните. Ако си сам свој полицаец и се грижиш за своето здравје и за здравјето на семејството, ќе се заштитиш. Ниту еден полицаец не може да дојде дома и да не контролира дали ги миеме рацете после допирање на предмети“, рече вицепремиерот.

    Б. НЕСТОРОСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира