Нема пријави за угостителските објекти во Битола дека ги прекршиле протоколите за работа, почит кон угостителите, но ќе провериме да не е нешто и до инспекторите, рече Стојко Пауновски директор на Државниот пазарен инспекторат.
,,Слободно можеме Битола да ја пофалиме дека во овие неколку дена немаме ни кривични, ни прекршочни пријави. Опомени има доста, но кривични пријави има во Скопје, Охрид, Струга, Струмица, Штип, Гостивар, Тетово. Битола за среќа нема, и ова е за почит кон угостителите. Тие или ги почитуваат протоколите или ќе провериме да не е нешто до инспектирите”, рече директорот на Пазарниот инспекторат на денешната прес-конференција.
Инаку, низ битолските локали може да се забележи дека во голем дел се почитуваат протоколите за работа, со мали исклучоци.
Ж. ЗДРАВКОВСКА