ВУХАН ТЕСТИРАШЕ 10 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ЗА 19 ДЕНА И ОТКРИ МАЛКУ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

    ВУХАН ТЕСТИРАШЕ 10 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ЗА 19 ДЕНА И ОТКРИ МАЛКУ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСТестирањето ги опфатило речиси сите над петгодишна возраст (Фото: АП)

    Кинескиот град Вухан, од каде што коронавирусот се прошири низ цел свет, ги тестираше речиси сите свои 10 милиони жители во досега невидена кампања која траеше 19 дена.

    Притоа се откриени само 300 случаи на коронавирус, при што никој од заразените немал симптоми. Тие, пак, не заразиле никого од 1.174 луѓе со кои биле во близок контакт, што сугерира дека вирусот не се пренесува така лесно.

    „Тоа не е олеснување само за луѓето во Вухан, туку и за целата Кина“, вели Фенг Зиџијан, заменик директорот на кинескиот Центар за контрола на болести и превенција.

    Тој додава дека ова, сепак, не дало конечен одговор колкав ризик претставуваат асимптоматските случаи.

    Тестирањето во Вухан траеше од 14 мај до 1 јуни и ги опфатило сите над петгодишна возраст, за што биле потрошени 125 милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира