МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА ПАРКИНЗИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР, ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПЛАЌА И СО КАРТИЧКА

    МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА ПАРКИНЗИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР, ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПЛАЌА И СО КАРТИЧКАСите жители на Центар кои ќе ја симнат новата верзија на мобилната апликација, ќе добијат 30 часа бесплатен паркинг во гостинскиот пакет на М-картата, а оние од останатите општини ќе добијат два часа бесплатен паркинг. (Фото: ПОЦ)

    Паркирање на паркинзите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) од денес може да се плаќа преку мобилна апликација. Со новата верзија на апликацијата ќе може да се плаќа паркирање и со картичка, а не само со смс порака како досега.

    „Преку апликацијата ќе се овозможи лоцирање на возилото во која зона се наоѓа. Потоа ќе може веднаш да се плати паркирањето без да се внесуваат податоците за зоната, што досега создаваше проблеми бидејќи имавме случаи кога се внесуваше погрешна зона. Сега, граѓаните преку апликацијата на мобилниот телефон ќе можат да склучуваат и да ги продолжуваат договорите и да најавуваат гости“, вели директорот на „Паркинзи Општина Центар“ Васко Кичевски.

    Сите жители на Центар кои ќе ја симнат новата верзија на мобилната апликација, ќе добијат 30 часа бесплатен паркинг во гостинскиот пакет на М-картата, а граѓаните од останатите општини ќе добијат два часа бесплатен паркинг.

    „Преку апликацијата ќе може да се пријавуваат проблеми на територијата на Општина Центар, како оштетена урбана опрема, неправилно паркирање. Мобилната апликација е достапна на App Store и Play Store“, вели Кичевски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира