Предлогот на Општинскиот кризен штаб на Штип конфекциите и кожарските погони да работат во наредните три дена, Централниот кризен штаб при Владата донел одлука за стриктна забрана фирмите од текстилната и кожарската индустрија во Штип да не работат. Барањата овие фабрики и работилници, всушност, ги поднеле до Општинскиот кризен штаб, а тој до Централниот.
Забраната да не се издаваат дозволи за работа за време на забрана на движење Кризниот штаб ја донел со оглед на специфичната и сериозна состојба со ширењето на коронавирусот и со најновиот висок пик на заразата во Штип.
Денеска според информациите на Општинскиот кризен штаб во Штип има 17 новозаболени, а за 365 лица се донесени решенија за самоизолација.
Наредните денови ќе продолжи тестирањето на вработените во веќе затворените конфекции кои ќе бидат носени до пунктовите и враќани дома под надзор на инспекциски и здрaвствени работници. Утре ќе бидат тестирани 200 работници, а во сабота и недела 230 текстилни работници кои имале некакво контакт со веќе позитивните случаи.
Т. ЈОВАНОВСКИ