180 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ 109 ВО СКОПЈЕ, ВО ЗЕМЈАВА ИМА 1.009 АКТИВНИ СЛУЧАИ

    180 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ 109 ВО СКОПЈЕ, ВО ЗЕМЈАВА ИМА 1.009 АКТИВНИ СЛУЧАИВкупно ковид дијагностицирани во земја од почетокот на епидемијата се 2.790, оздравени се 1.632, починати се 149, а активни се 1.009. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Сто и осумдесет нови случаи на КОВИД-19 се регистрирани во последните 24 часа од 1.272 тестови, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се од : Скопје – 109, Куманово-26, Дебар-1, Штип-15, Тетово-12, Струга-1, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Валандово-1, Свети Николе-1, Неготино-1.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, во: Скопје-6, Прилеп-1, Велес-4. Починати се две лица.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 нови пациенти, од нив 5 се префрлени од ГОБ „8 септември“. Во моментов се хоспитализирани вкупно 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

    До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 27 пациенти. На респираторна машина се 7, а со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 9 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 2.790, оздравени се 1.632, починати се 149, а активни се 1.009. Вчера, по завршување на епидемиолошките анкети, утврдено е дека еден од позитивните тестови од Скопје е контролен тест. Согласно тоа, последната дистрибуција по градови е следна:

    Скопје 1.158, активни 552
    Куманово 526, активни 110
    Дебар 52, активни 1
    Штип 142, активни 104
    Прилеп 217, активни 31
    Тетово 257, активни 100
    Струга 91, активни 19
    Велес 138, активни 28
    Битола 29, активни 3
    Охрид 25, активни 8
    Кавадарци 6, активни 1
    Гостивар 41, активни 20
    Гевгелија 6, активни 2
    Струмица 5, активни 3
    Крива Паланка 6, активни 0
    Радовиш 4, активни 0
    Крушево 3, активни 0
    Кочани 41, активни 10
    Пробиштип 5, активни 3
    Демир Хисар 1, активни 0
    Македонски Брод 2, активни 0
    Пехчево 3, активни 0
    Берово 2, активни 1
    Валандово 3, активни 2
    Виница 3, активни 1
    Делчево 1, активни 0
    Кратово 3, активни 1
    Свети Николе 3, активни 3
    Кичево 3, активни 1
    Неготино 14, активни 5 (*8 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1272 теста се преку: ИЈЗ –604, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена –136, Биотек -119, Жан Митрев (Филип Втори) –155, Систина со ПЦР метода –111 и МАНУ -91.

    Досега во земјата се направени вкупно 34.386 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на КОВИД-19.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира