ПАНДЕМИЈАТА СОЗДАДЕ НОВИ НАВИКИ КАЈ ПОТРОШУВАЧИТЕ ШТО ЌЕ ГО ОБЛИКУВААТ ЖИВОТОТ И ПОСЛЕ КОВИД-19

    ПАНДЕМИЈАТА СОЗДАДЕ НОВИ НАВИКИ КАЈ ПОТРОШУВАЧИТЕ ШТО ЌЕ ГО ОБЛИКУВААТ ЖИВОТОТ И ПОСЛЕ КОВИД-19Минувач низ центарот на Скопје заштитен со маска,визир и чадор на велосипед - Интернет трансакциите значајно пораснаа во март, а во развиените европски земји имало трикратно зголемување во споредба со периодот пред кризата (Фото: Ѓ. Личовски

    Пандемијата на коронавирусот ги натера луѓето да создадат нови навики во медиумската конзумација, пазарувањето и во потрошувачката, со цел да се прилагодат на новите околности. По пандемијата, некои од овие навики ќе исчезнат, а некои ќе продолжат да се практикуваат дури и со засилен интензитет.

    Новата студија на истражувачката агенција „Поларис“, дел од „I&F групацијата“, која е специјализирана за анализа на податоци, бизнис консултации и за предвидување на пазарните трендови, открива кои однесувања ќе продолжат да живеат по КОВИД-19 и како брендовите можат да го искористат тоа.

    ОНЛАЈН ВИДЕОИГРИ

    Бројот на луѓе кои играат онлајн игри продолжи да расте за време на карантинот, особено во категоријата е-спорт. По вонредната состојба, времето поминато со игри ќе се намали затоа што луѓето ќе се вратат на своите редовни обврски, но бројот на корисници ќе расте.

    ВИРТУЕЛЕН ЖИВОТ

    За време на карантинот, виртуелните тури и стримањето станаа особено популарни и во иднина, дигиталните видеоискуства ќе бидат решението за избегнување големи собири. Со помош на технологијата, можно е на потрошувачите да им се даде чувство дека брендовите што ги сакаат прават многу работи достапни за нив.

    DIY

    Многу мали бизниси не беа достапни за време на вонредната состојба. Луѓето се потпираа на алтернативни решенија, многу често ослободувајќи ја својата креативност. Новите вештини кои ги стекнавме ќе останат со нас и во иднина. Брендовите дополнително можат да ја поттикнат креативноста на потрошувачите и да ја подигнат на повисоко ниво, нудејќи пакувања и подароци што ќе го олеснат и зајакнат новото хоби.

    ОНЛАЈН ТРГОВИЈА

    Интернет трансакциите значајно пораснаа во текот на март, а во развиените европски земји забележано е трикратно зголемување во споредба со периодот пред кризата. Речиси 40% од испитаниците купиле секојдневни намирници во својата прва онлајн нарачка. По кризата, онлајн трансакциите ќе продолжат да растат, особено во категориите козметика, шминка и производи за хигиена. Брендовите мораат да бидат пред трендот и да им понудат ново, подобро искуство на своите потрошувачи.

    ВРАЌАЊЕ КОН ПРИРОДАТА И ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ

    За време на кризата, многумина почнаа да ја доведуваат во прашање нивната врска со животната средина и природата. Овој аспект се очекува да биде уште поважен за потрошувачите и тие да гравитираат повеќе кон локалното производство. Примената на практиките за поттикнување на одржливоста ќе биде уште поценета од потрошувачите, а на брендовите им останува автентично да ги поддржуваат иницијативите поврзани со одржливоста, здравите одлуки и враќањето на старите, основни вредности.

    ИНТЕРНЕТ МЕДИУМИ

    Интернет медиумите беа едни од водечките медиуми за време на карантинот. Глобалната здравствена криза ја стимулира потребата за информации и увид во постојаните промени и случувања. Користењето на овие дигитални платформи ќе продолжи и по пандемијата, а брендовите треба да бидат присутни во оваа сфера со обезбедување на релевантни содржини, не заобиколувајќи ги темите кои сега се важни за потрошувачите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира