ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ВЛАДО МИСАЈЛОВСКИ СО СЛИКА ОД ГЕРМАНИЈА ЈА КРИТИКУВА ВЛАСТА ВО МАКЕДОНИЈА

    ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ВЛАДО МИСАЈЛОВСКИ СО СЛИКА ОД ГЕРМАНИЈА ЈА КРИТИКУВА ВЛАСТА ВО МАКЕДОНИЈАСпоред вестите од германските медиуми, објавени на 4 јуни, фотографијата е од велосипедска патека во баварската општина Кирхдорф. (Фото: Фејсбук)

    Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски Владо Мисајловски вчера на Фејсбук објави фотографија од велосипедска патека во германското гратче Кирхдорф со коментар „Ова е таа градежна офанзива и правиот пат на СДСМ!?“. 18 часа подоцна, објавата на Фејсбук има 1,4 илјади реакции и над 200 коментари и споделувања.

    Според вестите од германските медиуми, објавени на 4 јуни, фотографијата е од баварската општина Кирхдорф, а тамошниот градоначалник Уве Герлсбек тогаш изјавил дека патеката изгледа полошо отколку што навистина е, додавајќи дека нерамнините речиси и не можат да се забележат додека возите велосипед.

    Мисајловски, кој беше и директор на ЈП Државни патишта, сега е носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 2.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира