Ресен денес го има првиот потврден случај позитивен на КОВИД-19. Неофицијално, првиот заболен е жена, сосетка на лице кое било на погреб кај мајка ѝ во Куманово. Членови од семејството се ставени под здравствен надзор и земени им се брисеви.
Информацијата дека во Ресен е евидентиран првиот заболен ја потврди и градоначалникот Живко Гошаревски. Тој изјави дека на терен се присутни тимови од Центарот за јавно здравје кои спроведуваат епидемиолошко истражување за сите кои биле во контакт со лицето за кое резултатот е позитивен.
„Повикав итна седница на кризен штаб. Место за паника нема. Препораките остануваат исти одржување на дистанца, носење заштитни маски, редовна хигиена, само на ваков начин ќе го победиме овој невидлив непријател. Инаку ги засилуваме мерките за заштита, а редарските и инспекциските служби се на терен“, изјави Гошаревски.
Ж. ЗДРАВКОВСКА