Болничар од Клиничката болница во Битола е позитивен на КОВИД-19, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Тој рече дека е направена епидемиолошка анкета и уште двајца други колеги на болничарот се во изолација, исто како и еден хирург од Болницата, кој има симптоми и ќе се тестира.
Во Клиничката болница, која е Регионален КОВИД центар, се лекуваат 26 пациенти, повеќето од нив се од Охридско-струшкиот регион, со што капацитетот е пополнет.
Бројот на заразени битолчани од почетокот на пандемијата е 31, од кои двајца починаа. Стотина битолчани се во изолација, соопштија од СВР Битола.
Ж. ЗДРАВКОВСКА