110 ЖИТЕЛИ НА РЕСЕН ВО ИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ ДИРЕКТНИ КОНТАКТИ СО 25 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ОД СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА

    110 ЖИТЕЛИ НА РЕСЕН ВО ИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ ДИРЕКТНИ КОНТАКТИ СО 25 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ОД СЕМЕЈНА ПРОСЛАВАДел од заболените, како што изјави министерот за здравство Венеко Филипче, биле заедно на семејна прослава, а потоа болеста се прошири низ Општина Ресен. (Фото: Општина Ресен)

    Вкупно 110 жители на Општина Ресен се ставени под здравствен надзор зашто имале директни контакти со 25 позитивни лица на КОВИД-19 од Ресен, соопштија од Центарот за јавно здравје во Битола. Според здравствените власти, дури кај 24 жители на Општина Ресен болеста е во тек.

    Ресен три месеци немаше заболени од коронавирус. Првиот позитивен случај на КОВИД-19 се појави на 10 јуни и за пет дена бројката се искачи на 25 инфицирани, од кои едно лице почина.

    Дел од заболените, како што изјави министерот за здравство Венеко Филипче, биле заедно на семејна прослава, а потоа болеста се прошири низ Општина Ресен.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира