ГРЦИЈА ГИ ОТВОРИ БОРДЕЛИТЕ, КЛИЕНТИТЕ СМЕАТ ДА СЕ ЗАДРЖАТ САМО 15 МИНУТИ

    ГРЦИЈА ГИ ОТВОРИ БОРДЕЛИТЕ, КЛИЕНТИТЕ СМЕАТ ДА СЕ ЗАДРЖАТ САМО 15 МИНУТИБорделите треба да ги чуваат личните податоци на клиентите четири недели (Фото: Екатимерини)

    Грција во понеделникот им дозволи на борделите да продолжат со работа, но ќе мора да се почитуваат некои строги правила.

    Муштериите ќе смеат да се задржат најмногу 15 минути, а носењето маска ќе биде задолжително како за вработените, така и за клиентите.

    Се препорачува вратите и прозорците да бидат отворени за да има проток на свеж воздух, а плаќањето мора да биде со картица. Борделите треба да ги чуваат личните податоци на клиентите во запечатено плико барем четири недели, во случај властите да мора да следат нов кластер на зараза.

    Холандската влада најави дека тамошните сексуални работници ќе продолжат со работа дури на 1 септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира