СЈО ТРЕБАЛО ДА БАРА ЗАБРАНА ЗА РАБОТА, А НЕ САМО ПРИТВОР, ОБЈАСНУВА КРИВИЧНИОТ СУД ЗОШТО БОЖИНОВСКИ И ТАЛЕВСКИ УШТЕ СЕ НА ФУНКЦИИ

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Скопје,(САКАМДАКААЖАМ.МК)

    СЈО ТРЕБАЛО ДА БАРА ЗАБРАНА ЗА РАБОТА, А НЕ САМО ПРИТВОР, ОБЈАСНУВА КРИВИЧНИОТ СУД  ЗОШТО БОЖИНОВСКИ И ТАЛЕВСКИ УШТЕ СЕ НА ФУНКЦИИ

    Кривичниот суд реагира на текстот објавен на порталот САКАМДАКАЖАМ.МК под наслов наслов:“КИРИЛ БОЖИНОВСКИ И ВЛАДИМИР ТАЛЕВСКИ СМЕАТ ДА ВОДАТ ВЛАДА И ОПШТИНА, А ПРОФЕСОРИТЕ ОД ЕКОНОМСКИ НЕ СМЕАТ ДА ПРЕДАВААТ“, со забелешка дека Специјалното јавно обвинителство воопшто не ни предложило мерка за претпазливост со која на Талевски и Божиновски би им се забранило да извршуваат конкретни работни активности. Оттаму, Основниот суд Скопје 1 не ни можел да се впушти во одлучување и определување вакви мерки, реагираат од Кривичниот суд.
    Специјалното обвинителство, пак, отворајќи предистражна постапка за случајот “Титаник“, побара 30-дневен притвор за целата група осомничени за изборен криминал, како за Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Едмунд Темелко, но и за генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, но судијата во претходна постапка за сите нив ги одби барањата на СЈО за притвор, а генералниот секретар Божиновски, се врати на фунцијата.
     
    Мерката куќен притвор, пак, која Судот на барање на СЈО му ја одреди на Талевски, не вроди со плод, бидејќи тој и од притвор ја води општината и потпишува милионски тендери како градоначалник на Битола.
    СЈО побара мерка за забрана за вршење работни активности на дел од осомничените во случајот “Тврдина“, поврзан со уништувањето на прислушната опрема во МВР, но Судот ги одби барањата и тие останаа на работа во полиција.
    Денеска по барање на Јавното обвинителство, Кривичниот суд одлучи на четворица професори од Економскиот факултет во Скопје, осомничени за примање поткуп и за злоупотреба на службената положба и овластувањата да им забрани да продолжат да предаваат до правосилност на пресудата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира