ТРАМП ГО ЗАБРАНИ ИЗДАВАЊЕТО НА ЗЕЛЕНИ КАРТИ И РАБОТНИ ВИЗИ ДО КРАЈОТ НА 2020

    ТРАМП ГО ЗАБРАНИ ИЗДАВАЊЕТО НА ЗЕЛЕНИ КАРТИ И РАБОТНИ ВИЗИ ДО КРАЈОТ НА 2020Трамп вели дека со оваа одлука ќе се отворат 525.000 работни места за Американците (Фото: АП)

    Доналд Трамп ја продолжи забраната за издавање на некои зелени карти и работни визи за странските работници до крајот на годината.

    Оваа одлука се однесува на висококвалификувани работници од технолошкиот сектор, сезонски работници од неземјоделските области, менаџери и други вработени во мултинационални компании и универзитетски студенти.

    Белата куќа соопшти дека ова има за цел да создаде работни места за Американците кои се погодени економски од кризата со коронавирусот, додека критичарите сметаат дека на овој начин се зацврстуваат имиграциските закони.

    Администрацијата на Трамп најави дека оваа одлука ќе погоди околу 525.000 луѓе, од кои 170.000 се нови сопственици на зелена карта, која на странците им обезбедува постојан престој во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира