ДОСЕГАШНИОТ РЕКТОР НА УКИМ ЈАНКУЛОВСКИ РЕИЗБРАН СО МАНДАТ ОД УШТЕ ТРИ ГОДИНИ

    ДОСЕГАШНИОТ РЕКТОР НА УКИМ ЈАНКУЛОВСКИ РЕИЗБРАН СО МАНДАТ ОД УШТЕ ТРИ ГОДИНИМандатот на избраниот ректор трае три години, почнувајќи од 15 септември кога стапува на должност. - Ректорот Јанкуловски на прес-конференција во Влада (Фото: УКИМ)

    Досегашниот и актуелен ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, е реизбран за ректор со нов мандат од три години.

    Одлуката ја објави Универзитетската изборна комисија (УИК), каде стои дека е донесена врз основа на сумираните резултати од тајното гласање што денеска беше спроведено на единиците во состав на УКИМ.
    Според Записникот потпишан од седумте члена на Комисијата, Јанкуловски освоил 3.604.454 поени, а најмалку од седумте кандидати за а најмалку од седумте кандидати за ректор на УКИМ освоил кандидатот Јане Ацевски (89.902 поени).

    Денеска од 12 до 14 часот се гласаше на 22 од 23-те факултети на УКИМ и на пет институти во состав на Универзитетот. Гласање немаше на Факултетот за драмски уметности зашто оттаму не прифатија нивни професори да бидат во состав на изборна комисија на нивниот факултет, а УИК не им назначи друга комисија. Наставно-научниот и уметнички совет на ФДУ на 23 јуни одлучи да не учествува на изборите со став дека тие треба да бидат одложени поради бројни законски прекршувања на целокупната постапка за избор на ректор, како и со оглед на отпочнувањето на парламентарните избори во државата.

    Комисијата наведува дека според доставените записници од изборните комисии, гласањето поминало без проблеми и неправилности.
    Во Записникот се доставени резултатите од гласањето изразени во број на поени што ги освоил секој кандидат на секоја единица. На листата се седум кандидати кои се кандидираа за ректор по огласот од 30 мај 2020: актуелниот ректор Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, Јане Ацевски и Коле Василевски од Шумарскиот факултет, Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет, Петар Атанасов од
    Институтот за социолошко-правни истражувања, Вујица Живковиќ од Факултетот за физичко образование и Драги Димитриевски од Земјоделскиот факултет.

    Нивните програми за работа УКИМ ги објави на веб-страницата, но тројца кандидати, Атанасов, Живковиќ и Димитриевски, вчера соопштија дека нема да учествуваат на овие избори зашто ги сметаат недемократски и
    нетранспарентни, а и поради ставот на Антикорупциската комисија дека избори за ректор не треба да има зашто се распишани Парламентарни избори. Соопштија дека кандидатурите ги ставаат во мирување, но нивните имиња беа денеска на гласачките ливчиња зашто не ги повлекле кандидатурите.

    „Мандатот на избраниот ректор трае три години, почнувајќи од 15 септември кога стапува на должност. Правата и обврските на ректорот се утврдени со Законот за високото образование, Статутот и со други акти на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’. Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето“, пишува во Одлуката на Универзитетската изборна комисија под претседателство на проф. д-р Гордана Лажетиќ, која вечерва беше објавена на веб-страницата на УКИМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира