ОД НУЛА ДО ДВАЈЦА СТУДЕНТИ НА ДИСПЕРЗИРАНИТЕ СТУДИИ НА ШТИПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД НУЛА ДО ДВАЈЦА СТУДЕНТИ НА ДИСПЕРЗИРАНИТЕ СТУДИИ НА ШТИПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

    По завршувањето на трите уписни рока има слаб интерес за дел од дисперзираите студии на факултетите од Штипскиот универзитет во југоисточна Македонија. На одделни насоки, според сајтот на Универзитетот„ Гоце Делчев“, воопшто не се запишале студени, на други пак едвај се запишале по еден или двајца. Ова го доведува во прашање опстојувањето на дисперзираното високо образование во помалите градови на овој државен универзитет.

    За илустрација, на дисперзираните студии по градежно инженерство во Струмица од Факултетот за природни и технички науки не се пријавил ниту еден студент. Слична е ситуацијата и на дисперзираните студии за обновливи извори на енергија во Гевгелија од Електротехничкиот факултет, додека на истите студии во Радовиш само тројца матуранти поднеле документи и се запишани во прва година. Исто толку има и на студиите за системи за автоматско управување од истиот факултет во Радовиш. Во Гевгелија, според сајтот на Штипскиот универзитет, не се запишал никој на студиите за бизнис логистика на Факултетот за туризам, а помалку од десет се запишани на туризам и на бизнис администрација.

    Не е поразлична сликата ниту на дисперзираните студии на Земјоделскиот факултет во Берово, каде на насоката рурален туризам се пријавил само еден завршен средношколец, а двајца се пријавиле за насоката растителна биотехнологија во Струмица.

    „За сите студенти кои се запишани на Штипскиот универзитет ќе се најде модел за одржување на студирање. Овие денови чекаме да се запишат и студентите што се пријавија на третиот уписен рок и ќе имаме јасна слика каде колку студенти ќе имаме. Но едно е јасно, колку и да се пријавени и запишани студенти на факултетите и дисперзираните студии, како Универзитет ќе излеземе во пресрет. Во Радовиш и Гевгелија впрочем се седиштата на Електротехничкиот и Факултетот за туризам и таму настава ќе има, оти имаме студенти од втора, трета и четврта година. Оние дисперзирани студиски програми каде нема ниту еден запишан, ќе ги ставаме во мирување“, вели Штипскиот универзитет.

    Најголем интерес за студирање во југоистокот на „Гоце Делчев“ има за студиските програми на Економскиот, Правниот и Педагошкиот факултет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира