Најмалку две лица се убиени во нападот на пакистанската берза во Карачи, а уште неколкумина се повредени. Напаѓачите упаднале во зградата откако фрлиле гранати на главниот влез.
Полицијата кажа дека сите четворица тешко вооружени напаѓачи се убиени. Непознато е дали се вмешани уште напаѓачи и на која група ѝ припаѓале.
„Ситуацијата сѐ уште се расчистува. Напаѓачите дошле од паркингот, по што почнале да пукаат наоколу“, изјави директорот на берзата Абид Али Хабиб.
Берзата во Карачи е најстарата и најголема во Пакистан.