ЏО БАЈДЕН НЕМА ДА ПРАВИ ПРЕДИЗБОРНИ МИТИНЗИ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    ЏО БАЈДЕН НЕМА ДА ПРАВИ ПРЕДИЗБОРНИ МИТИНЗИ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТБајден вели дека ќе ги почитува препораките на лекарите (Фото: Гети)

    Џо Бајден изјави дека нема да прави предизборни митинзи за време на пандемијата на коронавирусот.

    „Мислам дека ова е најнеобичната кампања во модерната историја“, кажа Бајден.

    Неговиот ривал Доналд Трамп се соочи со слаба посетеност на неодамнешниот митинг во Тулса и од неговата кампања засега немаат најавено нови митинзи. Според последните анкети, Бајден има речиси двоцифрено водство над Трамп во пресрет на изборите на 3 ноември.

    „Ќе ги почитувам препораките на лекарите, не само заради мене, туку и заради целата земја, а тоа значи дека нема да одржуваме митинзи“, изјави Бајден, додавајќи дека досега не се тестирал за коронавирус.

    Тој досега малку се појавуваше во јавност и главно даваше интервјуа од импровизираното ТВ-студио во својот подрум.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира