Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена веќе не се носители на коронавирусот. Тие биле негативни на последното тестирање, десетина дена откако поради појавата на коронавирусот нагло беше прекинат тенискиот турнир во Задар организиран од Ѓоковиќ.
Финалето на Адрија тур беше откажано на 21 јуни откако Григор Димитров објави дека е заразен, по што и Ѓоковиќ замина за Белград на тестирање, на кое имаше позитивен резултат.
Српските медиуми јавуваат дека Новак и Јелена цело време додека биле во самоизолација не покажувале никакви симптоми на вирусот.
Освен Ѓоковиќ и Димитров, позитивен тест по турнирот имаа и Борна Ќориќ, Виктор Троицки и Горан Иванишевиќ.