КАНЈЕ ВЕСТ ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

    КАНЈЕ ВЕСТ ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САДВест во минатото јавно му даваше поддршка на Доналд Трамп (Фото: АП)

    Канје Вест планира да ја направи Ким Кардашијан прва дама на САД. Раперот го искористи празникот Ден на независноста за да објави дека ќе се кандидира за претседател на САД на изборите до кои остануваат точно четири месеци.

    „Мора да го реализираме ветувањето на Америка преку верба во Господ, обединување на нашата визија и градење на нашата иднина. Ќе се кандидирам за претседател на САД“, напиша Вест на Твитер, на што се надоврза Илон Маск.

    „Ја имаш мојата поддршка“.

    Нејасно е дали Вест бил сериозен и дали поднесол документи за да се појави на гласачкото ливче, но крајниот рок за пријавување кандидати сѐ уште не поминал во некои сојузни држави. Вест и во минатото зборуваше дека сака да се кандидира за претседател, но после 2024 година и исто така јавно му даваше поддршка на Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира