СКРИНИНГ ЗА КОРОНАВИРУС И ЗА НОВИНАРИТЕ ОД ВНАТРЕШНОСТА

    СКРИНИНГ ЗА КОРОНАВИРУС И ЗА НОВИНАРИТЕ ОД ВНАТРЕШНОСТАСекој новинар кој е заинтересиран за да направи скрининг, потребно е да ги исконтактира локалните медицински центри или болници од својот град и да договори термин за вршење на контролата; - Центарот за јавно здравје во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека бесплатниот скрининг за коронавирус продолжува и се проширува, па сега ќе бидат опфатени и новинарите и медиумските работници од другите градови во земјава.

    „Секој новинар кој е заинтересиран за да направи скрининг, потребно е да ги исконтактира локалните медицински центри или болници од својот град и да договори термин за вршење на контролата. Новинарите и медиумските работници кои ќе сакаат да го направат скринингот со себе треба да носат документ за лична идентификација, како и прес-картичка“, соопшти ЗНМ.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира