ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ПРЕКУ ФЕЈСБУК СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ПОСТАВИЛ БОМБИ ВО АВТОБУСИ ЗА ПРЕВОЗ НА РАБОТНИЦИ

    ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ПРЕКУ ФЕЈСБУК СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ПОСТАВИЛ БОМБИ ВО АВТОБУСИ ЗА ПРЕВОЗ НА РАБОТНИЦИСВР Битола поднесе кривична пријава против З. И. од Горно Крушје за загрозување на сигурноста (Фото: СДК.МК)

    Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола поднесе кривична пријава против З. И. (45) од село Горно Крушје, Ресенско, поради основано сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

    Според СВР, на 28 јуни околу 16:40 часот пријавениот креирал лажен профил на Фејсбук и од него на официјалната Фејсбук страница на туристичка агенција од Битола, која е овластен превозник на вработени во фирма од Битола, испратил порака со заканувачка содржина дека на комбињата и автобусите има поставено бомби. Се заканил дека бомбите ќе се активираат кога возилата ќе пристигнат пред фабриката заедно со вработените во агенцијата.

    Од лажни профили, пријавениот повеќе пати им испраќал пораки со заканувачка содржина и на одговорни лица во фирмата каде што претходно работел, во знак на револт за добиениот отказ.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира